Глумела дека е мртва, а реакциите на нејзините седум мачки на тоа се генијални

Точка

27/01/2020

17:45

2.854

Големина на фонт

а а а

Иако видено многу пати, глумењето смрт пред домашните миленици никогаш не станува здодевно.

Многумина помислуваат дека секое куче ќе скокне по својот сопственик, ќе се загрижи и ќе се обидува да го спаси и освести на било каков начин и дека секоја мачка само ќе се прошета покрај сопственикот, незаинтересирано ќе го погледне и ќе се тргне настрана. 

Но, доколку сте гледале повеќе вакви видеа, знаете дека тука не постојат никакви правила. Некогаш кучињата само легнуваат покрај своите сопственици, а мачките знаат вистински да се уплашат. Девојката која во ова видео глуми смрт има дури седум мачки, а тие во голема мера се разликуваат една од друга, па и нивните реакции биле согласни со нивните карактери.

Разликите се екстремни – од белата мачка која во паника се обидува да ја разбуди сопственичката до портокаловата која елегантно се качила врз неа и одлучила да дремне.

Сметаме дека зборовите се излишни – погледнете го видеото и уживајте во нивните реакции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг