Купил автомобил за 3 милиони долари, но нема да го вози...

Точка

27/01/2020

16:48

3.911

Големина на фонт

а а а

Новиот Corvette C8 Stingray стартува со производство веќе од следниот месец, а од март ќе започне и доставувањето на примероците на новите сопственици.

На традиционалната аукција во американскиот град Скотсдејл, примерок на најновиот Corvette C8 Stingray беше продаден за три милиони долари, иако пазарната вредност на овој автомобил започнува од 60 илјади долари.

Гордиот купувач е Рик Хендрик, директор на компанијата "Hendrick Automotive Group" кој изјави дека воопшто нема да го вози овој автомобил, пренесува „Ауто Билд“.


Тој решил овој примерок на Corvette C8 Stingray да го изложи во просторот на "Hendrick's Heritage Centre" во Шарлот каде што се наоѓаат уште 120 примероци на иконите на американската автомобилска индустрија.

„Ауто Билд“ пренесува дека "Hendrick's Heritage Centre" стекнал култен статус меѓу американските љубители на автомобили затоа што таму се наоѓаат модели на Corvette кои ги возеле белгискиот крал Леополд Трети, пејачот Рој Орбисон, како и некогашниот претседател на Мексико, Густаво Диаз Ордас.


Официјално, производството на новиот Corvette C8 Stingray започнува идниот месец, а сопствениците на овој автомобил ќе започнат да ги добиваат своите примероци од март.



Спонзорирани линкови

Маркетинг