Штотуку зачекоривме во 2020-та година, а веќе сето ова се случи!

Точка

27/01/2020

16:37

3.754

Големина на фонт

а а а

Земјотреси, пожари, ерупции на вулкани, смртоносен вирус, смрт на еден од светски најпознатите и најдобрите кошаркари на сите времиња...

Кога ќе заврши една, почнува друга година, а сите воглавно ја имаме истата универзална желба - здравје, среќа и новата година која настапила да биде уште поубава од претходната која завршила.

Но, оваа 2020-та година почна со разни природни катастрофи, трагедии, политички потреси и конфликти, а сè уште сме јануари.

Погледнете го краткиот преглед на најважните случувања на почетокот на 2020-та година:

1. Во првите денови на новата година САД изврши напад на Иран, убиваќи го еден од најголемите воени офицери - генералот Касем Сулејмани за потоа и Иран да одговори на нападот на американската база во Ирак;


2. Срушен украински авион над Иран во кој меѓу настраданите најмногу имаше државјани на Канада;


3. На Филипините проработи еден од најопасните вулкани кој предизвика масовна евакуација на жителите;


4. Стравичен земјотрес во Турција, починаа 39 луѓе, а најмалку 1.000 се повредени;


5. Силен земјотрес го погоди и Порторико;


6. Големи пожари во Австралија кои оставија пустош позади себе;


7. Смртоносен вирус во Кина - корона вирус кој “коси“ сè пред себе, а Вухан, градот од кој потекнува истоимениот вирус моментално е “забранет град“;


8. Поплави во Индонезија;


9. Трагична смрт на Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, неговата ќерка Џијана и уште 7 луѓе во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг