Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Макфакс

27/01/2020

14:05

5.788

Големина на фонт

а а а

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна со недолични коментари.

„Гомнарке, ороспијо“, Јанева ѝ се обрати на својата поранешна колешка, пред да биде отстранета од судницата.

По завршувањето на сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова, полицајците ѝ пријдоа за да ја извадат од судницата, а Јанева со смеење се обрати кон новинарите.

„Мачето ѝ го возев, затоа ли не ѝ чинам“, кажа Јанева.

Јанева со полициска придружба беше однесена во друга просторија, до судницата, откако се расплака.



Спонзорирани линкови

Маркетинг