Ова е последната заедничка фотографија на Коби и Џијана - тие едноставно живееле за кошарката

Кармин

27/01/2020

14:10

10.120

Големина на фонт

а а а

Популарниот американски таблоид „TMZ“ ја објавил фотографијата од Коби и Џијана Брајант од последниот натпревар кој го одриграло ова 13-годишно девојче.

Кошарката во семејството Брајант била голема страст, а таткото Коби и ќерката Џијана цел живот го посветиле на кошарката која им пружала најголемо задоволство.

Џијана тренирала кошарка и имала голема желба да се пробие во женската НБА лига, а може да се каже дека навистина била на добар пат да го направи тоа.

Популарниот американски таблоид „TMZ“, објавил фотографија од Коби и Џијана од последниот нејзин натпревар.


Натпреварот го одиграла во саботата во „Мамбо Академијата“ каде што Џијана играла два натпревари.

На социјалните мрежи кружи видеото направено на еден кошаркарски натпревар во кој Коби и Џијана присуствуваат и каде што НБА асот ѝ укажува на својата ќерка на некои детали од натпреварот.

Судбината сакала само седум денови потоа Коби и Џијана уште со седум други луѓе да настрадаат во тешка хеликоптерска несреќа над Лос Анџелес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk