Ситуацијата ескалира: Нападната амбасадата на САД во Ирак, тројца повредени

Точка

27/01/2020

08:56

10.247

Големина на фонт

а а а

Најмалку три лица се повредени во ракетниот напад на американската амбасада во Багдад, пренесува ирачката национална телевизија, повикувајќи се на извори од ирачките безбедносни служби.

Лансирани биле пет ракети од типот „Качуша“, од кои три паднале директно врз амбасадата на САД која е сместена во таканаречената Зелена зона во главниот град на Ирак.

Една од трите ракети паднала на кантината каде што во тие моменти персоналот од амбасадата вечерал, пренесува новинската агенција „АФП“.

Инаку, ова е втор напад на американската амбасада во изминатата седмица, а да потсетиме, токму поради нападите на амбасадата, американската армија реагираше и во знак на одмазда го ликвидираше иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Американската амбасада во изминатиот период беше во неколку пади гранатирана, но ова е прв пат ракетите директно да го погодат објектот, со што порасна загриженоста во Белата куќа.

После инцидентот, ирачкиот премиер Адил Абдул Махди им наредил на безбедносните сили да ги преземат сите мерки за да се спречат вакви напади во иднина кои би можеле да предизвикаат уште пожестока реакција на американската армија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг