Пливал под мраз поради климатските промени: "Помислив дека ми дојде крајот"

Точка

26/01/2020

13:10

2.610

Големина на фонт

а а а

Луис Пју од Плимут пливал под антарктичкиот мраз. Се прашувате зошто? Станува збор за амбасадор на ОН за животна средина, кој сака да ги демонстрира брзите промени на мразот и климатските промени во океанот.

Пливањето на Луис Пју во водата чија температура била само некој степен над нулата траело десетина минути. Имал само шорц за пливање, очила и капа. Како што рекол, можел секаде да види мраз кој се топи. 

Пју пливал по извештаите кои укажувале дека температурата на океаните достигнале историски максимум.

Храбриот пливач на Фејсбук напишал дека пливањето под антарктичкиот мраз било едно до најубавите но и најстрашни искуства кои ги доживеал.

"Сите нијанси на сино и речиси целосен мрак. На половина пат слушнав пукање над мене и помислив дека ми дојде крајот. За среќа, тоа беше само преместување на мраз", напишал Пју.

Како што рекол пливал за да пренесе порака: "Присуствував на брзо топење во ова подрачје. Нема сомнеж, се соочуваме со итна ситуација".

Ги повикал светските лидери да преземат чекори, бидејќи, како што навел, времето истекува.

Пју е амбасадор на ОН за животна средина. Повеќе од три децении плива со делифни и пингвини и ги мери температурите на морињата од Антарктикот до Арктикот.

"Моја одговорност е да го кренам гласот за океанот, за неверојатниот живот во океанот, пингвините, делфините, но и за децата. Мојата порака е - тоа што се случува во океаните ќе има влијание на секое лице на планетава", рекол Пју.

Истакнал дека во текот на своето 30-годишно пливачко искуство видел дека океанот се менува и дека на тоа влијаеле климатските промени, риболовот и загадувањето.

Порачал дека се гледа дека секоја година мразот е се потенок и дека го има се помалку. Исто така, температурата на водата е се повисока.




Спонзорирани линкови

Маркетинг