Автобус со кинески туристи од Вухан стигна во Хрватска

Макфакс

26/01/2020

10:45

4.882

Големина на фонт

а а а

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава хрватскиот портал „Индекс.хр“.

Според информациите на порталот, туристите пристигнале со авион вчера во Милано, а оттаму со автобус за Хрватска. Тие минале здравствен преглед на аеродромот во Милано и никој немал симптоми на болеста.

Кинезите биле запрени на граничниот премин Брегана, каде им било укажано што треба да прават доколку забележат симптоми.

Како што дознава Индекс.хр, на возачот на автобусот му е даден бројот на епидемиолог на кој мора да се јави доколку забележи дека некој од патниците има симптоми на вирус.

За случајот е информиран и Хрватскиот институт за јавно здравје, кој претходно издаде упатства и за патниците кои одат во Кина и за повратниците или за туристите од Кина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг