Принцот Хари и Меган Маркл со својата одлука да ги напуштат кралските должности кои им ги наметнал статусот во кралското семејство, го шокираа светот, а сега светските медиуми пишуваат дека притисокот го направила Меган, после што Хари доживеал нервен слом.
„Принцот едноставно повеќе не можеше да гледа колку лошо се справува неговата сопруга со улогата на аристократка. Стравуваше дека Меган ќе го остави и ќе го земе нивниот син Арчи со себе. Сите тие околности си го земаа својот данот и во еден момент 'пукна', поради што со недели одеше на терапија кај психијатар кој го посетуваше во вилата во Канада, за време на божиќните празници“, открил извор, вејќи дека Меган тоа го искористила, па го убедила дека за сите е најдобро да се откажат од должноста и да тргнат по свој пат.