“Ми рекоа дека изгледам како да сум бремена, па гладував со месеци”: По низата здравствени проблеми, пејачката објави уште потажна вест

Точка

25/01/2020

20:12

6.882

Големина на фонт

а а а

Тејлор Свифт на овогодишниот Санденс филмски фестивал го претстави документарниот филм наречен “Miss Americana” кој по кино проекциите ќе биде достапен за сите гледачи ширум светот на стриминг сервисот Нетфликс.

Тејлор во документарниот филм открила како изгледа нејзиниот живот зад камерите. Најсаканата и најомразената личност во Америка признала дека имала ментални и здравствени проблеми поради притисокот од јавноста и медиумските фотографии за кои се задолжени таблоидите. 

“Видов моја фотографија на која стомакот ми беше поголем од вообичаено. Некој ми кажа дека изгледам како да сум бремена. Веднаш престанав да јадам, тоа беше мојата реакција”, вели Свифт во документарецот.


Пејачката истакнала дека гладувањето било дел од нејзиниот живот, но и дека поради нередовната исхрана била исцрпена и уморна на настапите.

“Секој пат имав чувство дека ќе се онесвестам на половина концерт или некаде при крајот. Сега конечно сфатив, ако јадам ќе имам енергија и сила”.


Во интервју пред документарниот филм, за магазинот “Variety”, Свифт рекла дека никогаш не била расположена да зборува за својот изглед.

“Знаев дека мојот изглед е последица на нездрав живот. Како тогаш да кажам – слаба сум бидејќи јадам умерено и тренирам. Сега јадам многу и многу тренирам. И претходно многу тренирав, но не јадев”.

Минатата недела, Тејлор Свифт објави дека нејзината мајка Андреа има тумор на мозокот.


“Таа е ѕвезда водилка во мојот живот. Пред да направам било што, секогаш се консултирам со неа. Ми беше тешко да зборувам за нејзината болест, особено што веќе еднаш ја победивме, но сега се врати. Ова е тежок период за нашето семејство”, изјавила пејачката.

Тејлор Свифт кон крајот на август 2019 година го објави својот седми студиски албум наречен “Lover” кој доби три номинации на претстојните Греми награди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг