Филмови кои не треба да ги пропуштите: Не доаѓаат од Холивуд, но се вредни за вашето внимание

Точка

25/01/2020

16:32

3.183

Големина на фонт

а а а

Филмовите кои ретко доспеваат на репертоарите во модерните кина ширум светот и кои најчесто се прикажуваат само на фестивалите, а со тоа го носат и предзнакот “авторски” или дури и “уметнички” за да се направи дистинкција во однос на скапите проекти на големите студија, нудат прилика да се запознаеме со различните филмски изрази, поинаквите култури и да доживееме оригинални, а не можеби веќе и видени заплети на уникатен начин.

Во продолжение, ви претставуваме неколку одбрани наслови кои се вредни за вашето внимание: 

“Parasite”

Еден од кандидатите за најдобар странски филм на претстојните Оскари е јужнокорејскиот “Parasite” кој во себе обединува повеќе жанрови. На почетокот потсетува на комедија, а потоа полека прераснува во трилер за на крајот да се забележат дури и елементи на хорор. Приказната за семејството и жртвувањето кое често мора да се поднесе за да се опстане, е прекрасно раскажана, па дури и доколку не сте љубители на азиската кинематографија, мали се шансите овој филм да не ви измами понекоја емоција.

“The Whistlers”

Станува збор за романска криминалистичка комедија во која во центарот на приказната е полицаец кој се обидува да извлече еден бизнисмен од затвор, но за да го изведе тоа претходно мора да научи да изговара јазик на кодирани пораки кој вклучува и ономатопеи.

“Roma”

Мексикански филм со висока естетика, сниман во црнобела техника. Прикажува една година од животот на слугинка која опслужува добростоечка мексиканска фамилија во текот на 70-тите години на минатиот век.

“Transit”

Во окупираната Франција, бегајќи од нацисти, еден човек доаѓа во посед на ракопис на мртов писател и одлучува да го преземе неговиот идентитет. Заплетот во ова германско остварување настанува кога жената на писателот која е во потрага по него, наидува на личност која се претставува како нејзиниот сопруг.

“What Will People Say”

Оваа драма ја обработува темата на социјалните односи во современа муслиманска заедница, која се темели на строго почитување на религијата и традицијата. Приказната се врти околу жена која е киднапирана и префрлена во Пакистан откако нејзиниот татко ќе ја затекне во кревет со маж.

“Dogman”

Италијанска драма во чие средиште е фризер за кучиња чиј живот се превртува наопаку откако се согласува да послуша еден локален силеџија. По излегувањето од затвор, овој скромен љубител на кучиња припрема одмазда на свој начин.

“Girl”

Белгиска драма за девојка родена во тело на момче, која не сака ништо повеќе освен тоа да стане балерина. Филмот ја обработува актуелната социјална тема за транссексуализмот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг