„Почнува од настинка“: Д-р Зоран ги открива симптомите на корона вирусот и како да се заштитите

Точка

25/01/2020

16:20

22.711

Големина на фонт

а а а

Од 7-ми јануари кога корона вирусот се појави на подрачјето на Кина во градот Вухан, бројот на заболени и починати лица од ден на ден се зголемува.

Вирусот во еден момент делувал “безизлезно“ и предизвикал голема паника затоа што се пренесува од човек на човек за на крајот да предизвика смрт. Болеста поминува многубројни етапи, а нејзина мета се белите дробови.

Почнува со настинка

Според зборовите на докторот симптомите се уште не се до крај одредени и прецизно дефинирани затоа што болеста е непредвидлива, но тоа што е заедничко за сите е тоа што почнува со настинка.

„Вирусот корона предизвикува настинка. Од тоа не се умира. Настинката во првиот момент подразбира иритација на носната слузокожа како и на грлото“ - објаснува д-р Зоран Радовановиќ.

Тој истакнува дека периодот на инкубација не е познат, но доколку ги гледаме искуствата кои ги имале претходно кога короната предизвикувала SARS и MERS, тој период во просек трае од 5-6 денови.

Некои од кинеските експерти велат дека периодот на инкубација може да трае и месец дена.


Ризични групи

Во ризичните групи на луѓе кои можат да се зараат спаѓаат оние со послаб имунитет, деца и стари луѓе кај кои се забележани симптоми кои се слични како симтомите на бронхитис и пнеумонија.

Се спушта на белите дробови

„Тоа дали болеста ќе се прошири понатаму или пак дали ќе остане како настинка зависи од самиот вирус, никако од пациентот затоа што лек не постои“ - вели Радовановиќ истакнувајќи дека метата на корона вирусот се белите дробови.

Како што тој објаснува, вирусот во следниот стадиум се спушта на белите дробови предизвикувајќи воспаление на истите. Воспалението на крајот доведува до откажување на тој орган и смрт на пациентот.

Органите еден по еден откажуваат

„Тоа е возможно затоа што во мометот кога ќе откажат белите дробови доаѓа до пореметување на функцијата на целиот организам па органите еден по еден откажуваат“ - заклучува Радовановиќ.


Препораки за заштита од вирусот:

- Избегнувајте контакт со лица кои имаат знаци на респираторна инфекција;
- Избегнувајте масовни собири и престојување во простор каде што има голем број луѓе; 
- Зголемена и честа хигиена на рацете (миење со сапун и вода најмалку 20 секунди или пак користете гелови за дезинфекција на рацете); 
- Носење заштитни маски доколку се престојува во простор каде што има многу луѓе; 
- Избегнување контакт со живи или мртви диви или домашни животни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг