Откако е откажана прославата за Лунарната нова година, улиците на кинеските градови, кои инаку се преполни со луѓе, денес се застрашувачки празни.
Фотографиите од Пекинг прикажуваат нереална глетка од улици без луѓе и возила, што инаку, е вистинска реткост во Кина.
Поради појавата на коронавирусот дочекот на Лунарната нова година е откажан во Пекинг, Хонгконг, Шангај и бројни други градови.
Од вирусот досега умреле 41 лице, а повеќе од 1.300 се заболени.