Шпанските медиуми пренесуваат дека Кике Сетиен го повлекол првиот порадикален потег и побарал од челниците на клубот да се ослободат од еден фудбалер на тимот.
Станува збор за младиот офанзивец Карлес Перез кој неодамна го продолжи договорот со каталонскиот тим.
Перез е блиску до позајмица во редовите на Рома, а италијанскиот клуб ќе може целосно да го откупи неговиот договор по истекот на позајмицата.
Рома е во потрага по офанзивен фудбалер по повредата на Николо Ѕаниоло, а откако им пропадна можноста да го ангажираат Џердан Шакири од Ливерпул се насочија кон Перез и овој трансфер веројатно ќе им успее.