Ако денот по утрото се познава, младиот и талентиран напаѓач Ерлинг Браут Халанд ќе биде бомбастично засилување за Борусија Дортмунд.
Норвешкиот напаѓач кој се реши да го облече дресот на Борусија Дортмунд иако имаше понуда и од Манчестер Јунајтед, досега одигра на два натпревари за „милионерите“ на кои запиша 59 минути.
Токму 59 минути му беа потребни да постигне неверојатни пет гола во новиот тим, а на социјалните мрежи веднаш почнаа да се споделуваат бројките од неговиот учинок.
Така, една интересна статистика кажува дека Халанд има повеќе лигашки голови во 2020 година од целиот Манчестер Јунајтед. Халанд како што спомнавме има пет гола во 59 минути, додека целиот Манчестер Јунајтед има четири погодоци во вкупо 360 минути или четири одиграни натпревари во Премиер лигата.
Јасно е дека челниците на Манчестер Јунајтед има за што да жалат откако не успеаја да го обезбедат потписот на младиот голгетер.
League goals in 2020:
— GOAL (@goal) January 24, 2020
Manchester United
4️⃣ in 3️⃣6️⃣0️⃣ minutes
Erling Haaland
5️⃣ in 5️⃣9️⃣ minutes pic.twitter.com/UZDYyXtYLh