Арсенал носи неочекувано засилување: Поранешен играч на Манчестер Сити прво ново име кај Артета?

Дерби

25/01/2020

14:25

1.858

Големина на фонт

а а а

Добро упатени извори на „ЕСПН“ јавуваат дека Арсенал е пред ангажман на првото зимско засилување и прв нов играч во ерата на Артета на клупата на „топчиите“.

Нов фудбалер на клубот од Лондон треба да стане 26 годишниот стопер на Фламенго, Пабло Мари.

Мари е играч кој во 2016 година потпиша за Манчестер Сити, но ниту еднаш не го облече дресот на сениорскиот тим на „граѓаните“.

Наводно играчот бил забележан во друштво на спортскиот директор на Арсенал, Еду, на лондонскиот аеродром во текот на вчерашниот ден.

Арсенал за да ги обезбеди услугите на Пабло Мари на Фламенго ќе му плати 7.5 милиони фунти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг