Непрепознатлива: Беше синоним за убавина, но не можела да им одолее на пороците па сега не личи на себе

Точка

25/01/2020

14:42

14.553

Големина на фонт

а а а

Актерката Миша Бартон најпозната е по улогата на Мариса Купер од серијата “Округот Оринџ“, а оттогаш до денес таа многу често ги полни страниците на светските таблоиди поради своите проблеми.

Бартон штотуку го прославила својот 34-ти роденден, а низ текот на годините таа често го менувала својот изглед и ги шокирала сите со своите јавни појавувања иако не остварила многубројни телевизиски и филмски улоги.

Во текот на снимањето на серијата „Округот Оринџ“, Миша се спријателила со Линдзи Лохан и Кели Озборн, а исто така била почестен гостин на забавите во Лос Анџелес.


Во интервју кое го давала, истакнала дека во тоа време мислела дека од неа се очекува да излегува многу често и да работи, но подоцна сфатила дека тоа е патот кон дното.

Во мај 2007-та година била хоспитализирана поради мешање на таблети и алкохол, а истата година била уапсена затоа што возела автомобил, а немала возачка дозвола.


Осудена била на три години затвор условно, а истовремено морала да оди на предавања за штетноста на алкохолот и да плати казна од 2.000 долари, пренесуваат од „Dnevnik.hr“.

Серијата „Округот оринџ“ ја напушти по завршувањето на третата сезона, а во тоа време кружеа гласини дека нејзиното заминување било заедничка одлука - нејзина и на режисерите.

Наводно, нејзиното однесување на сетот пресудило да го “убијат“ нејзиниот лик во серијата. Десет години подоцна, Бартон го раскажала факторот за нејзиното заминување од серијата, а „Fox“ го откажа снимањето на серијата по четвртата сезона.


Младата актерка не ги избегнала ниту финансиските проблеми поради своето однесување. Во 2014-та година, откако таблоидите објавија дека актерката е во проблематична ситуација затоа што не платила хипотека, таа се обидела да ја продаде својата вила во Беверли Хилс, но безуспешно.


Исто така во 2016-та година во емисијата „Танц со ѕвездите“ доживеала нервен слом откако била елиминирана, а продуцентите раскажале дека со неа не може да се работи.

„Поради своето однесување немаше многу пријатели на сетот“ - додале тие подоцна во некое интервју. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг