Исповед на првиот пациент кој закрепнал од опасниот вирус: „Не можев да мрдам, а оздравев само поради една причина“

Точка

25/01/2020

14:02

10.507

Големина на фонт

а а а

Првиот пациент кој закрепнал од новиот корона вирус е 23-годишниот Хуанг, а за кинеските медиуми открил како изгледал процесот на лечење и какви се симптомите на болеста која го однела во карантин.

„Повеќе пати имав грозница од 28-ми декември до 2-ри јануари. Лечен сум во карантин“ - ја почнал приказната Хуанг.

Младото момче кое живее во Вухан, градот од кој потекнува вирусот, вработен е на локалната железница, оддалечена на само неколку километри од пазарот Хуанана за кој се смета дека е извор на овој заразен и опасен по живот вирус.

Првите симптоми ги почувствувал на 24-ти декември. Како што рекол на почетокот имал главоболки, вртоглавици и се чувствувал изнемоштено.

Утредента ситуацијата се влошила. Мислејќи дека станува збор за настинка, зел боледување од работа и отишол во локалната болница.


Докторите му препишале инјекции, пеницилин Г и одредени лекови кои не ги прецизирал, но тоа не помогнало во наредните три денови неговата здравствена состојба да се подобри.

Тој одлучл да се врати на работа, но веќе во автобусот додека патувал до железницата повторно добил грозница.

Првиот ден од 2020-та година отишол во градската болница затоа што се сомневал дека има воспаление на белите дробови.

Дополнителните тестови  покажале резултати далеку од очекуваните параметри, особено кога станува збор за функцијата на џигерот.

Кога докторите дознале дека неговото работно место е блиску до пазарот за морска храна одлучиле да го префрлат во другата болница каде што имало пациенти кои веќе биле заболени од новиот корона вирус.

Во тој момент, според сопствените зборови, тој бил толку многу болен што не можел да мрда и постојано внесувал кислород преку маска. Наредните денови ги поминал во карантин.


„Ниту еден центиметар од мојата кожа не беше откриен. Бев цврсто замотан“ - рекол и додал дека вработените во болницата биле многу љубезни.

За среќа, успеал да закрепне, што верува дека тоа се должи на неговите години.

„Прв закрепнав од таа критична состојба и ја напуштив болницата. Најбрзо закрепнав затоа што сум млад. Имам само 23 години“ - рекол тој во интервју за магазинот „Pear“.

Не е познато колку луѓе се заразени од новиот вирус и колку од нив се наоѓаат во болница ниту пак колку се во критична состојба.

Последните официјални податоци укажуваат дека бројката стигнала до 26 починати, а над 800 се заразени. Најголемиот број на заболени потекнуваат од градот Вухан, а останатите го посетиле градот претходно па се заразиле. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг