Полска идната седмица купува американски „Ф-35“ авиони: Ова е најважниот договор во историјата на нашата армија

Точка

25/01/2020

15:13

2.822

Големина на фонт

а а а

Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак потврди дека Полска идната седмица ќе потпише договор со САД за купување на 32 авиони „Ф-35“.

Станува збор за најмодерните борбени стелт авиони од петта генерација, а првите вакви авиони би требало да пристигнат во Полска во текот на 2024-та година.

„Првите авиони ќе бидат подготвени и ќе пристигнат во Полска во 2024-та година. Тоа е резултат на добрите односи на нашиот претседател Анджеј Дуда и американскиот претседател Доналд Трамп“, изјави полскиот министер.


„Фактот дека американскиот Стејт Департмент одобри продажба на 32 врвни „Ф-35“ воени авиони на Полска, значи дека договорот наскоро ќе биде потпишан. Ова е најважниот договор во историјата на полската армија. Со договорот, полските воздушни сили ќе влезат во една нова ера“, истакна полскиот министер за одбрана Блашчак.

Американските „Ф-35“ авиони ќе ги заменат авионите „МиГ-29“ произведени во времето на Советскиот сојуз. Тие авиони Полска ги купи од Чешка и Источна Германија по распадот на социјалистичкиот блок на истокот на Европа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг