Прв случај на Корона вирусот во Австралија и Малезија: Досега од вирусот почина 41 лице

Точка

25/01/2020

14:37

2.071

Големина на фонт

а а а

Австралија и Малезија денес ги потврдија првите случаеви на новиот Корона вирус на нивна територија, додека пак кинеските власти потврдија дека досега како последица на вирусот починало 41 лице.

Австралија денес го потврди првиот случај на човек заболен од Корона вирусот во државата Викторија, а пациентот бил хоспитализиран во Мелбурн и неговата здравствена состојба била стабилна.

Станува збор за 50-годишен кинески државјанин кој во јануари пристигнал во Австралија. Тој сега е изолиран и се лекува во болница.

Малезиските власти потврдија три случаеви на заразени лица од Корона вирусот. Министерот за здравство изјави дека заразените лица биле поврзани со 66-годишен маж кој сингапурските власти претходно потврдиле дека е позитивен на тестирањето на вирусот.


Во меѓувреме, кинеските власти потврдија дека има 1,287 случаеви на заразени лица од новиот Корона вирус од 24-ти јануари, додека бројот на починати од смртоносниот вирус се искачи на 41 лице, соопштија од Националната здравствена комисија.

Инаку, опасниот вирус се појави во централниот кинески град Вухан кон крајот на минатата година, а се прошири и во други градови, вклучувајќи ги Пекинг и Шангај. Исто така, потврдено е дека вирусот се проширил и во САД, Тајланд, Јужна Кореја и Јапонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг