Моника Белучи – доказ и дека во “најздодевниот” фустан може да изгледате спектакуларно

Кармин

24/01/2020

16:35

5.589

Големина на фонт

а а а

Моника Белучи со години ја поддржува акцијата “Sidaction” којa од 1994 година ја подигнува свеста за СИДА.

Во склоп на ваквата акција редовно се организираат и хуманитарни вечери на кои се собираат пари за лекување од оваа болест и истражувања кои се занимаваат со истата. 

Моника, својата поддршка уште еднаш ја искажала со своето присуство на гала вечерта организирана во прекрасниот павилјон “Camon Capucines”, сместен во самото срце на Париз.

Славната 55-годишна актерка уште еднаш докажала колку е вистинита старата изрека која вели дека “помалку е повеќе”. “Закопчана” до грло, Италијанката изгледала фантастично во едноставен долг, црн фустан со волуменозни ракави кој го надополнила само со минимални обетки и неутрална црна чанта.


Љубителите на шаренилата и модните експерименти веројатно би ја нарекле оваа креација “здодевна и веќе видена”, но Моника во последните години воглавно практикува носење на класични, неутрални и севременски парчиња облека.

На истиот настан во 2018 година исто така одбрала црна боја, но тогаш носела капут-фустан со строг крој и ефектни украси, а во 2017 година на себе имала максимално едноставен црн фустан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk