Што е точно? Дали консумирањето чаша вино во денот му помага на вашето здравје или има целосно спротивен ефект?

Точка

24/01/2020

14:45

5.203

Големина на фонт

а а а

Постојат сè повеќе истражувања кои го потврдуваат поволното влијание на виното на здравјето.

За почеток, грозјето, а со самото тоа и виното е богато со полифеноли кои го ублажуваат и го намалуваат оксидативниот стрес во организмот.

Интересно е тоа што црното грозје содржи повеќе антиоксиданси отколку белото грозје така што пиењето црно вино го зголемува нивото на антиоксиданси во крвта во поголема мера отколку пиењето бело вино.


Некое истражување покажало дека пиењето црно вино може да го намали ризикот од болести кои се поврзуваат со оксидативниот стрес како што се Алцхајмер и Паркинсонова болест.

Умереното консумирање вино (1 чаша вино дневно) делува поволно и на здравјето на срцето, а научниците сметаат дека полифенолот од виното го намалува ризикот од зголемен крвен притисок, зголемено ниво на холестерол и метаболички болести.

Некои истражувања покажале дека антиоксидансите од виното поволно влијаат и на долговечноста. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг