Поминаа повеќе од шест години од тешката повреда на Михаел Шумахер, а јавноста досега немала можност да види никаква фотографија или пак видео од периодот на неговото закрепнување.
Семејството на Шумахер се одлучило на целосна приватност и постојано од јавноста ги сокрива деталите за неговата здравствена состојба.
Меѓутоа, англискиот таблоид „Mirror“ пишува дека Михаел Шумахер е тајно снимен во болнички кревет. Тоа се лучило во 2019-та година во неговата вила на Женевското езеро.
Како што понатаму се наведува, “непознатата личност“ ги прокриумчарела од куќата.
Ghoulish photos of Michael Schumacher inside his home touted for £1millionhttps://t.co/i7lyFDVuoW pic.twitter.com/uEi4JmaTGd
— The Mirror (@DailyMirror) January 21, 2020
Фотографиите веднаш биле понудени на црнио пазар по цена од 1.2 милиони евра.
Во текстот додаваат дека сопругата на Михаел, Корина кога дознала за фотографиите веднаш го пријавила случајот во швајцарското и германското правосудство.
Дали тоа е причината зошто фотографиите сè уште не се појавиле во јавноста или пак нешто друго, не знаеме.