„Малку сум наивен“ - по фамата со Џенифер Анистон конечно се огласи Бред Пит

Кармин

24/01/2020

09:50

5.394

Големина на фонт

а а а

Што мислите, дали овој поранешен пар повторно ќе заврши заедно?

Откако Бред Пит и Џенифер Анистон срдечно се сретнаа на доделувањето на SAG наградите, социјалните мрежи почнаа да “навиваат“ парот да се смири, а вистинска експлозија се случи која се појави фотографијата на која Бред цврсто ја држи раката на Џенифер.

Тогаш фотографите ги фотографирале заедно по првпат по 10 години, а изгледало дека се во навистина добри односи.

Новинарите го прашале актерот како се чувствува тој и што мисли за бурата која се појавила меѓу нив двајца, но тој дал многу мистериозен одговор кој може да се протолкува на многу начини.

„Не знам. Малку сум наивен околу сето тоа и таков и ќе останам“ - одговорил Бред за порталот „ET“.

Што мислите вие? Што сакал Бред да ни порача со тоа?


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk