Сексапилната спортистка признава: „Сама сум затоа што никогаш досега не сум имала сексуален однос“

Супермен

23/01/2020

18:42

6.458

Големина на фонт

а а а

Таа уште пред 8 години призна дека го чека бракот за да се впушти по првпат во сексуалните односи.

Атлетичарката Лоло Џоунс се покајала поради свјата искреност. Оваа спортистка која е успешна во трки со перпреки на 60 и 100 метри јавно признала дека сè уште е девица.

„Да се биде девица е поклон кој сакам да му го дадам на својот сопруг. Ве молам, мора да сфатите дека патот по кој пораснав беше многу тежок. Тоа што ќе останам девица до бракот е најтешката работа која сум ја направила во животот, потешко и од подготовките за Олимписките игри или пак завршувањето на факултетот“.


Лоло се натпреварувала на Олимпијадата два пати, на зимски и на летни игри. Сепак, мисли дека себеси си ги уништила шансите да најде сопруг.

„Претходно барем имав шанси да најдам некој. Претходно се прашував, кога е вистинското време да му кажам? Ќе почекам ли прво да ме запознае подобро или пак веднаш треба да му кажам како стојат работите?“ - неодамна раскажала оваа 37-годишна девојка во некоја емисија.

Сега кога светот знае дека е девица, мажите не одат со неа на состаноци. Таа мисли дека ова признание ѝ одмогнало во кариерата.


„Сите знаат дека сексот им помага на спортистите и поради тоа сум во не толку добра ситуација“ - рекла таа.

„Сама сум затоа што никогаш не сум имала сексуален однос, а мажите не сакаат да чекаат. Други мислат дека лажам, а некои целата приказна ја гледаат како предизвик. Кога ќе сфатат дека сум сериозна и дека мораат да се оженат за мене пред да стапиме во односи тогаш исчезнуваат“ - заклучила таа. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk