Човекот молња: „Кралот или кралицата наскоро ќе биде тука“

Кармин

23/01/2020

18:17

5.197

Големина на фонт

а а а

Најбрзиот човек на светот, Јамајканецот Усеин Болт (33) ќе стане татко.

Тој на својот Инстаграм профил се пофалил со оваа радосна вест. Објавил фотографија од својата бремена партнерка Кеси Бенет под која нaпишал:

„Само сакам да кажам дека кралот или кралицата наскоро ќе биде тука“ - напишал Болт.

Радосната вест наскоро ја споделила и девојката на Болт на својот Инстаграм профил.

Парот инаку е заедно од 2014-та година, а Кеси е четири години помлада од Болт.

Болт во текот на својата кариера освоил осум златни олимписки медали како и 11 на светските првенства.

Сопственик е на светскиот рекорд на 100 метри (9.58) и 200 метри (19.19).


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk