Смртоносниот вирус пристигна во Европа? Патниците од Кина задржани во карантин во Шкотска! Симптоми како кај корона вирусот

Точка

23/01/2020

17:53

3.153

Големина на фонт

а а а

Британските медиуми пренеле дека најверојатно корона вирусот пристигнал во Велика Британија, бидејќи двајца кинески патници биле сместени во болница во Шкотска со симптоми на грип.

Се верува дека неименуваните патници дошле од Вухан, градот од каде се шири епидемијата на новиот вирус од кој досега починале 17 лица, а потврдени се повеќе од 600 случаи на заболени. 

Тестовите кои им биле направени во болница досега не го исклучиле корона вирусот, пренесува "Daily Mail" и додава дека пациентите се во изолација во Универзитетската болница Кралица Елизабета во Глазгов.

"Daily Records" наведува дека пациентите пристигнале во Лондон минатата недела, пред да отпатуваат во Шкотска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг