Изборот на Катерина Сакеларопулу за прва жена претседател на Грција со големо мнозинство гласови го симболизира преминот во нова ера, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, непосредно по гласањето во парламентот.
„Резултатот од гласањето потврдува дека во главните прашања можеме да се договориме за нова ера за Грција, со првата жена претседател Катерина Сакеларопулу“, рече грчкиот премиер, пренесе Ана.
Тој, исто така, истакна дека изборот на Сакеларопулу за претседател отвора прозорец кон иднината.