Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Макфакс

22/01/2020

12:37

430

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина, а заразени се 400 луѓе.

„Имаме план и сметам дека ќе биде многу добро спроведен. Веќе го спроведуваме многу добро. Центарот за контрола на болести е одличен. Многу професионален…“, изјавил Трамп на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

Светската здравствена организација денеска на вонреден самит ќе одлучи дали да биде прогласена меѓународна здравствена закана.

Трамп рече дека САД се добро подготвени, но и дека верува оти во Кина сè е под контрола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг