Кога ривалството ќе прерасне во мала “војна“ на терен: Двата популарни тима направиле хаос на терен па и на трибините

Точка

22/01/2020

11:14

1.921

Големина на фонт

а а а

Американската спортска јавност остана во шок и неверување со завршетокот на натпреварот на кошаркарскте екипи на двата универзитета кои на НБА лигата ѝ подарија многу играчи.

За Канзас стејт своевремено играа и НБА асовите како што се Мич Ричмонд и Мајкл Бизли, но и Роналдо Блекмен, Боб Бузер, Мајк Еванс и Ед Нили кои повеќе од 10 години настапуваа во најсилната лига на светот.

Универзитетот Канзас може да се помири со фактот дека во НБА лигата сега играат 11 нивни членови, поранешни студенти, покрај останатите и Џоел Ембид и Ендру Вигинг, а своевремено и со Вилтом Чембрлен, Пол Пирс, Скот Полард и многу други.

Меѓутоа, ривалството сега прераснало во вистинска мала војна на терен и тоа по победата на Канзас од 81:60 кога Силвио де Соус решил да се прослави со силната блокада на шутот на Дахуан Гордон.

Потоа со него почнале да се тепаат и соиграчите на Гордон од екипата на Канзас стејт па започнал општиот хаос кој потоа се пренел и на трибините пред кои било забележано дека Де Соус дури го подигнал и столот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг