Се огласија Саудијците: Апсурдни се тврдењата дека принцот стои зад хакирањето на телефонот на Безос

Точка

22/01/2020

11:09

1.115

Големина на фонт

а а а

Саудиска Арабија ги отфрли тврдењата на западните медиуми дека престолонаследникот Мохамед Бин Салман стои зад хакирањето на телефонот на сопственикот на Амазон, Џеф Безос.

Британски „Гардијан“ повикувајќи се на неименувани извори објави во вторникот дека Безос бил на мета на хакери пет месеци пред да биде убиен саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018-та година.

Како што пренесува споменатиот медиум, телефонот на Безос бил хакиран откако примил порака преку апликацијата WhatsApp испратена од личниот број на саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман.


„Медиумските информации кои сугерираат дека Кралството стои зад хакирањето на телефонот на господинот Џеф Безос се апсурдни. Бараме по тој повод да се спроведе истрага за да се утврдат фактите“, објавија на Твитер од саудиската амбасада во САД.

„Гардијан“ пренесе дека пораката, според резултатите од форензичката анализа била шифрирана и дека содржела заразени податоци.


Безос, кој инаку е сопственик на „Вашингтон Пост“, во 1-ви мај 2018-та година разменувал пријателска преписка, се додека на неговиот телефон пристигнала мистериозна датотека од саудискиот престолонаследник. Податоците биле преземени на телефонот на Безос, иако не е познато за какви податоци станува збор.

Според британскиот медиум, сето ова може да доведе до повторно отворање на истрага за активностите на саудискиот принц и неговите најблиски соработници пред новинарот Џамал Кашоги да биде брутално убиен во зградата на саудискиот конзулат во Истанбул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг