Саудискиот принц го хакирал телефонот на Џеф Безос пет месеци пред убиството на новинарот Кашоги

Точка

22/01/2020

09:44

2.304

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос бил на мета на хакери пет месеци пред убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018-та година.

Како што пренесува британски „Гардијан“, телефонот на Безос бил хакиран откако примил порака преку апликацијата WhatsApp испратена од личниот број на принцот престолонаследник на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман.

Пораката, според резултатите на форензичката анализа била шифрирана и содржела заразени податоци.

Безос, кој инаку е сопственик на „Вашингтон Пост“, во 1-ви мај 2018-та година разменувал пријателска преписка, се додека на неговиот телефон пристигнала мистериозна датотека од саудискиот престолонаследник, пренесува британски „Гардијан“.


Големата количина на податоци за неколку часа била преземена од телефонот на Безос, меѓутоа не е познато какви податоци се преземени.

Како што е наведено, новото откритие може да доведе до повторно отворање на истрагата за активностите на Мохамед Бин Салман и неговите блиски соработници пред убиството на новинарот Џамал Кашоги, колумнист во „Вашингтон Пост“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг