Столтенберг веќе се пофалил: НАТО ќе има дронови кои ќе ја надгледуваат Русија! Штета што го немавме "Global Hawk" во 2014-та година

Точка

21/01/2020

20:51

3.553

Големина на фонт

а а а

НАТО до 2022-ра година ќе ги развие новите стратешки беспилотни летала "Global Hawk", кои ќе можат без престан да летаат 30 часа, што може да обезбеди увид и во тоа што се случува во Русија, изјавил генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за норвешкиот весник "Верденс ганг".

"Ако ја имавме оваа технологија во 2014-та година, кога Русија користеше воена сила во Украина и го анектираше Крим, таа би ни дала многу попрецизни информации за тоа што се случува. Во период на криза постои голема конфузија и неизвесност и многу е важно да се имаат доверливи информации", рекол Столтенберг. 

Тој објаснил дека дроновите ќе можат да летаат на висина од 18 километри, а дека радарот и сензорите ќе можат да дадат остри слики од тоа што се случува на земјата, во распон од 200 метри.

Според неговите зборови, новите беспилотни летала на Алијансата и пружаат единствена предност, каква немаат ни Русија ни Кина, кои немаат дронови кои можат да летаат на толкава висина, а САД се единствената држава која има нешто слично.

Столтенберг додал дека двете летала моментално се тестираат во база на Сицилија, а дека во текот на годината ќе бидат доставени уште три дрона.

НАТО купил 10 беспилотни летала "Global Hawk".




Спонзорирани линкови

Маркетинг