Кадифени коали го преплавуваат Њујорк, а причината е прекрасна

Точка

21/01/2020

20:18

3.965

Големина на фонт

а а а

Пожарите во Австралија продолжуваат и се повеќе луѓе се обидуваат да им помогнат на загрозените животни и да соберат пари. Истражувачите од Унивезитетот во Сиднеј процениле дека во пожарите досега загинале една милијарда животни. Овој број не вклучува инсекти и безрбетници.

Во Њујорк хуманитарната организација "Коала Њујорк" позиционирала кадифени коали насекаде низ градот. Кадифените играчки на себе имаат закачена мала порака во вид на етикета за секој кој ќе ги види да може лесно да донира пари за загрозените животни. Се што треба да направат е да го скенираат QR кодот. 

Коалите се поставени на најразлични места. Закачени се на улични светла, на Бруклинскиот мост, на оградите на Централ парк, се нашле и на пожарните станици. Целта е јасна. Да се намали штетата од пожарите така што веднаш ќе им се помогне на загрозените животни.

"Во овој момент нашиот персонал, квалификуваните работници и волонтери работат цел ден за да обезбедат повеќе животни да ја добијат негата која им е потреба, како и храна, за да закрепнат. Ова ги вклучува коалите, кенгурите, опосумите, птиците, рептилите и други", истакнал еден од организаторите на страната "GoFundMe".

View this post on Instagram

? Brooklyn Bridge ? Donate today, link in bio.

A post shared by Koalas of NYC (@koalasofnyc) on

Потребно е повредените животни што побрзо да се лоцираат, спасат и згрижат. Нивната популација е погодена, бидејќи повеќето од нив го изгубиле својот дом и ќе мине многу време пред повеќето од нив да закрепнат. Многу животински видови може да изумрат ако набрзо не се преземат потребните мерки за заштита, пренесува "Bored Panda".

"Коала Њујорк" добиле многу донации од познати личности, организации како и општествени заедници. Наскоро би требало да ја достигнат својата зацртана цел од 15.000 долари. Кон оваа организација се приклучила и "Коала Лондон".

"Заедно сме посилни", порачуваат од организацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг