Златан Ибрахимовиќ одлучи да стави крај на својата авантура во МЛС лигата и се врати во Милан, но мора да се напомене дека Лос Анџелес Галакси не чекаше многу за да донесе звучно засилување на негово место.
Станува збор за докажаниот голгетер Чичарито Ернандез, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед кој последно играше за Севилја. Галакси му исплати на шпанскиот клуб 8,5 милиони евра за реализација на трансферот, па на тој начин го доби најдобриот стрелец во историјата на мексиканската фудаблска репрезентација.
Самиот 31-годишен Чичарито посочи дека оваа понуда од Галакси пристигнала во вистинско време, а доказ за тоа е и фактот што потпиша тригодишен договор кој го прави најплатен играч во МЛС лигата. Ернандез има загарантирани 6 милиони долари загарантирана платан, но со бонуси може да стигне и до 10 милиони долари, што го прави убедливо најплатен играч во американската фудалска елита.