Актерката прошетала по црвениот тепих во предизвикувачки фустан со деколте па ги магепсала сите присутни

Точка

21/01/2020

20:53

6.628

Големина на фонт

а а а

Актерката со своето деколте ги магепсала сите присутни па потоа секако дека на социјалните мрежи наголемо се пишувало за неа - воглавно позитивни коментари.

Ева Лонгорија (44) одлучила на црвениот тепих да прошета во издание во какво што досега ретко сме ја гледале.

Актерката на доделувањето на PGA наградите се појавила во предизвикувачки фустан со кој го привлекла вниманието на сите присутни.

Ева одлучила да облече златно-жолта комбинација со длабоко деколте па со причина сите погледи биле насочени кон неа.

Станува збор за модно парче кое со сигурност ќе биде запамтено како едно од најпредизвикувачките на церемонијата.

Актерката се фотографирала на настанот па фотографиите ги поставила на социјалната мрежа Инстаграм, а фановите ѝ упатиле коментари на сметка на нејзиниот изглед.

„Неверојатна“, „Преубава“, „Госпоѓа совршена“, „Ти си инспирација“ - биле само дел од коментарите на нејзините обожаватели. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг