Потресна фотографија од славната актерка: Тешката болест ја “крши“ па среде улица се превиткува од болки

Кармин

21/01/2020

20:17

9.211

Големина на фонт

а а а

Актерката Селма Блер била фотографирана на улиците на Лос Анџелес во многу лошо издание.

Познатата американска актерка Селма Блер (47) веќе подолго време се бори со мултипла склероза.

Таа во последните години како што болеста напредувала, буквално поминувала низ пекол, а на крајот остана и без коса. Како што кажала и самата, првите симптоми почнале да се јавуваат уште од 2011-та година што е истата година кога го добила својот син Артур.


Кога докторите ѝ ја дијагностицирале болеста актерката за сè храбро проговори за да ја подигне свеста кај луѓето за таа болест.

Храбрата Селма признава дека често се чувствувала многу лошо и дека работите ѝ паѓале од раце, но дека сето тоа таа го препишувала на својата несмасност.

Поради хемотерапиите исто така почнала да ѝ паѓа и косата па убавата актерка одлучила целосно да ја избриче својата глава.

Сега била фотографирана по улиците на Лос Анџелес, со седа коса и очигледно во силни болки.


Фотографирана е како се држи за стомакот додека со своето момче се обидела да руча во некој познат ресторан.

Меѓутоа, бидејќи редот бил долг таа не можела да стои и да чека па продолжиле понатаму.

„Средствата за ублажување на симптомите не ми помогнаа и се чувствувам многу лошо“ - рекла актерката во октомври 2019-та година, наведувајќи дека ѝ препорачале да оди на агресивна хемотерапија. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk