Грчкиот актер кој тврди дека спиел со повеќе од 4.000 жени со искрена изјава: “Еве што сфатив после сè”

Супермен

21/01/2020

19:22

13.019

Големина на фонт

а а а

44-годишниот грчки актер и модел Јанис Спалјарас пред 5 години изјавил нешто што буквално оттогаш му го одбележал животот.

Имено, тој во едно интервју изјавил дека низ неговиот кревет поминале повеќе од 4.000 жени. Пет години подоцна, грчкиот заводник кој е познат и по своите проекти на Нетфликс, открил дека ја дал оваа изјава под притисок од новинар и сосема спонтано: 

“Таа изјава не ме прикажува во најдобро светло”, напишал Јанис на Инстаграм и продолжил:

“Не знам зошто дури сега зборувам за тоа, но сакам да кажам нешто околу озлогласената изјава за 4.000-те жени. Не сум лик кој се фали со своите освојувања, ниту сум ги броел, но таа изјава едноставно настана по тричасовен притисок од страна на еден новинар и не ме прикажува во вистинско светло како човек, ниту го намалува мојот труд и работа на пазарот сиве овие години. Сега сите ќе ме прашуваат – па зарем не знаеше дека ќе те “распнат” по таквата изјава?

И го прифаќам тоа, но верувам дека по “Survivor” сфативте дека понекогаш сум многу спонтан. Сите вие тинејџери кои ме следите, не бркајте рекорди и освојувања по секоја цена бидејќи ни тие жени, ниту тие автомобили нема долго да ви останат во сеќавањето. Убаво е да ги постигнете вашите цели без разлика дали е тоа одреден автомобил, одредена жена или некој деловен успех, но не за да исполните некоја празнина која ја имате одвнатре. Верувајте ми, еден скап автомобил или секс за една вечер нема да ве промени како човек. Единственото нешто што ме исполнувало, ми останало во сеќавање и влијаело на мене се дефинитивно патувањата”, напишал Спалјарас.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk