Кога се родила, тврделе дека нејзината мајка била неверна: 12 години подоцна добила сестра и сè станало уште почудно

Кармин

21/01/2020

17:49

9.194

Големина на фонт

а а а

Девојчињата Асел и Камила Калаганова се вистинска сензација во Казахстан, а полека но сигурно стануваат и познати ширум светот.

Популарноста ја должат на фактот што и двете се албино, иако се родени во период од 12 години. 14-годишната Асел е популарен модел поради специфичниот изглед и несекојдневната физиономија, а по сличен пат тргнала и малата, сега веќе 2-годишна Камила. 

И додека тие две се целосно бели и со многу светла коса и веѓи, нивниот 8-годишен брат Алдијар поседува традиционален казахстански изглед, па многумина биле скептични околу тоа кој е всушност таткото.

Дури и Ајман Саркитова, мајката на овие деца, била шокирана кога ја родила најстарата ќерка, а лекарите предизвикале своевиден скандал кога ја обвиниле дека таткото е всушност некој Русин.

“Кога ја родив Асел, генетиката тука не беше премногу развиена. Дури сега започнува да се развива. Докторите беа шокирани и уверени дека во себе има руска крв. Кога започнав да ја изучувам нејзината состојба, дознав дека всушност таа е албино. На почетокот сите бевме шокирани. Јас не знаев што да правам ниту како да живеам со тоа”, раскажала Ајман.

Асел започнала да работи како модел кога наполнила 10 години, но во пар со Камила е уште поатрактивна и поинтересна за модните брендови. Таа вели дека мора да води грижа за кожата многу повеќе од просечниот човек, како и да избегнува изложување на сонце.

“Ако излегувам надвор, морам да ставам крема со заштитен фактор, да го заштитам телото со облека и да носам шешир, па дури и чадор. Навечер ми е многу полесно кога нема сонце”, објаснува таа.

Нејзината мајка објаснува дека албино децата воопшто не се разликуваат од останатите деца, иако околината тоа тешко го прифаќа.

“На почетокот беше тешко, сите деца зјапаа во Асел. Сега се чувствува подобро, а ние воопшто не ја ограничуваме. Ја охрабрувам да запознава други албино тинејџерки и да дискутира со нив за заедничките проблеми”, заклучила Ајман.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk