Кучето ѝ ги лижело стапалата, а неколку денови подоцна завршила во болница со силни болки и повраќање...

Точка

21/01/2020

17:36

3.712

Големина на фонт

а а а

Многумина се согласни дека кучињата носат среќа, љубов, насмевка... А, понекогаш исто така можат да станат пренесувачи на одредени инфекции.

Според новото истражување, на жена во Израел ѝ била дијагностицирана бактериска инфекција која веројатно ја добила од најобично лижење на стапалата од страна на нејзиното куче.

Претходната година, 86-годишна жена исто така отишла на болница со грозница, мачнини, повраќање и бoлки во десната нога. Била “врзана“ за инвалидска количка и се лечела од дијабетес и реуматски артритис, се наведува во извештајот објавен на 2-ри декември во списанието „Списание за Ургентна медицина“.

Докторите од болницата откриле дека има грозница, зголемено отчукување на срцето и знаци на целулитис на десниот дел од потколеното.

Целулитис е вообичаена инфекција која е предизвикана од бактерии кои можат да предизвикаат црвенило на кожата, оток и чувствителност. Докторите исто така забележале дека жената има некакви исекотини и гребнатини на кожата помеѓу ножните прсти.


Анализата на нејзината крв открила дека била заразена од Streptococcus canis, бактерија која може да се пренесе од животни на човек, особено од кучињата. Меѓутоа, човечката инфекција од тој вид е многу ретка, со само неколку случаи пријавени во медицинската литература, велат авторите.

Иако целулитисот е чест кај луѓето, вообичаено го предизвикуваат други видови бактерии, изјавил главниот автор д-р Зохар Ледерман кој во тоа време бил доктор во универзитетската болница Асута Самсон во Израел.

Тогаш жената кажала дека има неколку кучиња кои често ѝ ги лижат стапалата, се наведува во извештајот. Многу е веројатно дека тие кучиња ја предизвикале бактеријата, но не е сигурно затоа што авторите не ги земале примероците од домашните миленичиња, изјавил Ледерман.

За личноста да се зарази, бактеријата мора да пристапи до подебелите слоеви на епидермисот, горниот слој на кожата.

„Тоа најчесто се случува поради сувоста на кожата која создава мали лезии“ - изјавил докторот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг