Пакистанскиот Хулк бара жена за брак, одбил 300 кандидатки бидејќи биле “преслаби”

Супермен

21/01/2020

16:46

10.878

Големина на фонт

а а а

Колосалниот пакистански кревач на тегови Арбаб Кизер Хајат, познат и како Пакистанскиот Хулк, бара партнерка за брак.

27-годишниот Хајат е тежок 444 килограми и висок 197 центиметри, а веќе со години безуспешно бара сопруга. Неговите родители силно посакуаат тој да се ожени, но тоа сè уште не му успеало. 


“Ми треба “тешка” жена за да не ја повредам. Сите жени кои досега сакаа да се омажат за мене беа преслаби. Сакам да запознаам жена која тежи барем 100 килограми и е повисока од 192 центиметри, така што би изгледале како што треба еден покрај друг”, рекол Пакистанецот. Како што тврди тој, досега одбил помеѓу 200 и 300 жени бидејќи не одговарале на посакуваните параметри.


Хајат е популарен во своето родно место, а познат е по влечењето трактори, автобуси и автомобили со јаже и подигнување на автомобили со една рака.

За да ја одржи својата форма, тој дневно јаде 4 пилиња, 36 јајца, 3 килограми месо, а покрај тоа пие и 5 литри млеко. Планира да учествува во натпревари за кревање на тегови и да стане боречка ѕвезда во организацијата “WWE”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг