(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Макфакс

21/01/2020

14:21

1.526

Големина на фонт

а а а

Околу 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Влатко Ѓорчев, кој додаде дека ова е фрапaнтна бројка, ако се земе предвид дека граѓаните ја напуштиле државата и по други основи.

Тој вели дека со иселувањето државата доживела невиден егзодус, при што, освен во Германија, граѓаните заминувале и во Скандинавија, Америка и Австралија.

„Ова е невиден пораз на владините политики. Показател на политиките на пустошење, празнење на државата. Ова се податоци кои ги соопшти заменикот амбасадор на Германија, Ото Граф. И оваа бројка од 10.000 заминати во Германија е загрижувачка. Од секој дел на државата се иселуваат и од Пелагонија и од Полог и од Скопје од сите националности. Ако се додаде на тоа дека има катастрофални капитални инвестиции, реално е напуштањето на младите од државата. Заев велеше дојде живот во Македонија, Скопје, Гостивар… Но, по се изгледа за граѓаните во овие 3 години дојде животот за нив во Германија, Америка, Скандинавија”, рече Ѓорчев.

Тој додава дека државата е во рецесија во однос на наталитетот, при што, во 2019 година биле урнати рекордите во негативен природен прираст.

„Во 2016 година во првите 9 месеци имаме статистика од 17.400 родени деца. Во 2019 за истиот период се родени 14.600. Ова е огромен пад на наталитет, пад на животот за 16%. Ако на ова се додаде дека се помалку имаме ученици во основни и средни училишта, помалку студенти, Македонија доживува дефицит на животот”, рече Ѓорчев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг