Во Давос се одржува јубилејниот 50-ти Светски економски форум. Зачувувањето на безбедноста на претседателите, шефовите на државите и лидерите на глобалните средби не е ни лесно, ниту евтино.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард и германската канцеларка Ангела Меркел, се само некои од познатите имиња кои присуствуваат на самитот во швајцарските Алпи.
Војниците патролираат по уличките на градот, чести се безбедносните проверки на персоналот, возилата и багажите на приодните патишта на тоа подрачје.
Trump arrives at @WEF #Davos2020 soon. Security is extremely tight. I’ll be live from Davos #BBCWorkLife as soon as I get through security 👍🏻. See you soon pic.twitter.com/xzDCxoCbtS
— Sally Bundock (@SallyBundockBBC) January 21, 2020
Кантонот Гришун ги објавил податоците за трошоците за 2020-та година и велат дека се очекува дополнителните трошоци за безбедност на овогодишниот форум да бидат околу 9 милиони швајцарски франци.
Четвртина од тие трошоци ги сноси Светскиот економски форум, околу 2,25 милиони франци, втората четвртина Кантонот Гришун, општината Давос плаќа една осмина од трошоците, а сојузната влада околу една третина.
Швајцарскиот парламент одобрил распоредување на 5.000 припадници на вооружените сили во период од 2019-2021 за "цивилна поддршка".
"Севкупно, трошоците за разместување на трупите на годишниот состанок на Светскиот економски форум се приближно исти како и трошоците на истите баталјони во текот на редовна обука. Претходните години распоредувањето на вооружените сили чинело околу 32 милиони швајцарски франци по форум", додале тие.
WEF World Economic Forum Davos, Mr President Trump is here as well. Swiss Special Forces, Military, Hyper Vip Security. pic.twitter.com/bipHJTjUzQ
— FX-Crypto🍔🍟 (@cityswiss) January 20, 2020
Швајцарската влада наведува дека "терористичките закани во многу европски земји и натаму се големи" и дека "низа напади во Европа и нивното значајно медиумско влијание исто така можат да ги поттикнат радикализираните лица во Швајцарија да извршат терористичко насилство".
Светскиот економски форум е начин Швајцарија да ја привлече глобалната политичка и деловна заедница, да го продолжи тоа што швајцарската влада го нарекува нивна "долгогодишна традиција на служење како земја домаќин за меѓународно конференции и собири".
Безбедносните трошоци може да се зголемат ако постојат голем број на луѓе кои се означени како меѓународно заштитени луѓе или во случај на непредвидени временски непогоди. Некои учесници, на пример корпоративните лидери, често користат сопствени безбедносни служби.