Омилениот лик од серијата “Сексот и градот” беше “фраер и пол”: Денес има 48 години и изгледа како милион долари

Кармин

21/01/2020

12:22

6.516

Големина на фонт

а а а

Добро познатиот лик од омилената женска серија “Сексот и градот”, згодниот Смит на кој не му одолеа ни Саманта, денес има 48 години и, верувале или не, изгледа уште подобро!

Не само што останал во добра форма, туку презгодниот актер денес изгледа помажествено и ретко која припадничка на понежниот пол не би се свртела по него. Иако има малку поинаков имиџ – елегантни одела, залижана коса и брада, актерот Џејсон Луис и понатаму важи за секс симбол. 


Русата коса сè уште е негов заштитен знак, а на неодоливата насмевка сигурно се сеќава секоја жена која ја гледала серијата.


Џејсон Луис денес дефинитивно е уште поголем фраер, а многумина на прв поглед ќе кажат дека изгледа како милион долари. Нам нѝ останува само да се согласиме со тоа и да констатираме дека Саманта и денес добро би му прилегала.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk