Гвардиола со совет до Англиската фудбалска федерација: Укинете го тоа натпреварување…

Дерби

21/01/2020

12:19

1.310

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола оваа година семачи во Премиер лигата и речиси сигурно ќе остане без титулата во натпреварувањето со оглед на тоа што е во голема негатива зад Ливерпул.

Сити се наоѓа пред пласман во финалето од англискиот Лига куп, познат и како Карабао Куп. „Граѓаните“ само треба рутински да го одработат вториот полуфинален натпревар против Манчестер Јунајтед, затоа што првиот го добија со 3:1 на „Олд Трафорд“.

И покрај тоа што е блиску до првиот трофеј во сезоната, Гвардиола предлага да се укине ова натпреварување затоа што е премногу за тимовите да играат по три натпревари неделно во овој период.

– Елиминирајте го тоа натпреварување. Тоа значи дека ќе има помалку натпревари, помалку натпреварувања, помалку тимови, повеќе квалитет…Луѓето може малку да живеат без фудбал, ова е премногу што се случува. Ја почнувате сезоната со по еден натпревар во неделата, а потоа доаѓа овој период кога имате по три натпревари во неделата и тоа трае предолго. Играчите не може да издржат толку. Најдобро би било Лига купот да не се игра повеќе, - изјави Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг