Џенифер Лопез ги разнежни обожавателите кога на Инстаграм објави фотографија со своите деца, 11-годишните близнаци Ема Марибел и Максимилијан Дејвид.
И покрај преголемиот распоред, дивата нашла време за своите најмили и уживала во тивките семејни моменти.
„Пауза од проба за домашна работа и галење“, напишала покрај фотографијата на која е во прегратка со близнаците на брачен кревет и на кои им помага во училишните обврски.
Имено, Џенифер повеќе од една недела се подготвува за настапот на полувремето од Супер Бол, кој ќе биде одржан во февруари.
Еми и Макс се нејзини и на Марк Ентони деца, со кој останала во одлични односи после разводот. Лопез моментално е верена со Алекс Родригез, поранешен бејзбол играч.