Надал за чудниот ритуал со шишињата за вода и зошто ниту еднаш во својата кариера не скршил рекет

Точка

18/01/2020

17:22

4.188

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал едвај го чека почетокот на првиот Гренд слем во сезоната – Австралијан Опен.

“Бикот” од Мајорка се надева дека спремен ќе го дочека мечот од првото коло против Уго Делиен од Боливија.  

Новинарите ги интересирало која е тајната на успехот на Надал и фактот дека повеќе од една деценија се наоѓа на врвот на светскиот тенис.

“Нема тајна. Станува збор за страст, за љубовта кон играта и за позитивното размислување во тешките моменти. Вистина е дека проаѓав низ тешки ситуации во кариерата, но успеав да ги надминам. Многумина ми рекоа дека со мојот стил на игра нема долго да бидам тука, но еве сум. Среќен сум поради тоа, иако и за мене е изненадувачки”, изјавил Надал.


Шпанецот објаснил и зошто педантно и “хируршки” прецизно ги мести шишињата со вода пред почетокот на секој гем.

“Ако не ги наместам шишињата, тоа значи дека во паузите можам да мислам на нешто друго, а не на играта. Вака, секој пат ги местам на истиот начин така што можам да се сконцентрирам исклучиво на играта и она што ми претстои”, додал тенисерот.

Надал е познат и по тоа што никогаш во кариерата не скршил рекет.

“Не сум скршил ниту еден. Моите родители не ми дозволуваа да кршам рекети, а за мене кршењето на рекет би значело дека немам контрола над своите емоции”.


Тој истакнува и дека е спремен за почетокот на Австралијан Опен:

“Физички се чувствувам добро, иако одиграв многу мечеви. Тренирав неколку дена во Мелбурн, се надевам дека ќе бидам спремен за првиот меч”, заклучил Надал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг