Гестот на овој човек чија ќерка оштетила туѓ автомобил го раскажува целиот регион...

Точка

18/01/2020

15:25

6.783

Големина на фонт

а а а

Постапката и цивилизираниот одговор на овој човек ги воодушевила сите кои слушнале за тоа...

Некој човек од Нови Сад по сообраќајната несреќа доживеал шок - освен што за штета на автомобилот добил 160 евра, колку што барал мајсторот, платено му било и за тоа што се нервирал.

„Господине, мојата ќерка на паркинг го удри вашиот автомобил па јавете се за да се договориме“ - пишувало на лист хартија кој бил ставен на автомобилот, а кој го затекнал сопственикот на автомобилот, а потоа следело изненадување...

Кога се јавил на оставениот број, слушнал уште еден убав гест од човекот по телефон.

„Морам да ја пофалам џентлменската постапка во сообраќајот во Нови Сад. Удрен и оштетен браник и крило. Мајсторот процени штета од 160 евра. Господинот ми донесе 200 евра, рече: „Имам да ви дадам точно, но ова е поради тоа што сигурно сте се изнервирале“. Сè беше решено без полиција. Секоја чест за човекот“ - стои во објавата на оштетениот.

Постапката и цивилизираниот одговор на човекот ги воодушевила сите кои слушнале за истото. Како што велат тие, тој им ја вратил вербата во луѓето и пристојното и искрено однесување. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг