Искусните актери за сексулните сцени во филмовите: „Режисерите имаат непристојни барања“

Точка

19/01/2020

00:52

19.272

Големина на фонт

а а а

На екранот изгледаат возбудливо, но на многумина од актерите не им е пријатно кога ги снимаат експлицитните сцени во филмовите.

Сè што на филм го доживуваме како страстно, експлицитно или пак некоја љубовна релација помеѓу два лика, всушност отстапува од реалноста која подразбира дека тие се на работна задача.

Актерите во текот на снимањено на љубовните сцени се “во грч“, ги гледаат членовите на екипата и ги снимаат камери. Таквите околности се непријатни за многу од драмските уметници.

Дури и славните актери во некои моменти тврдат дека биле искористени, изманипулирани или пак игнорирани поради непријатните барање во текот на снимањето.

Извештајот од Холивуд наведува дека со непријатности се соочила и актерката Рут Вилсон. Таа поради тоа ја откажала својата главна улога во наградуваната серија „Афера“.

Од Вилсон било барано да се соблекува многу повеќе отколку што било напишано во сценариото, а бруталната сцена била надвор од границите.

Меѓу екипата се нашол и неименуваниот режисер или продуцент кој го креирал овој амбиент. Кога одлучила да го напушти сетот била етикетирана како “проблематична“.

Познат е и случајот на Марија Шнајдер која како 19-годишна девојка снимала сцена за силување во филмот „Последното танго во Париз“ на Бернард Бертолучи.

Деталите за снимањето претходно намерно биле криени од Шнајдер затоа што режисерот во текот на снимањето од неа “барал да се однесува како девојка, а не како актерка“.

Ита О'Брајен е пионир во нејзиното занимање, активноста на движењето за коректни односи помеѓу актерите и продукцијата на филмските сетови и театарот. Нејзината улога е да ги опушти актерите во текот на сетот за режисерите и продуцентите да бидат задоволни со снимениот материјал.

Едно од движењата кое ја мотивирало е „Me too“. Настанало како последица на долгогодишни обвиненија против Харви Вајнштајн.

„Сакаме да дознаеме што за актерите е неприфатливо и во договор со продукцијата да пронајдеме најдобро можно решение. Неопходно е актерот да каже “не“ доколку се чувствува загрозено. Кога работиме со актерите кои знаат дека нема да бидат искористени секако дека и експлицитните сцени ќе бидат пореални. Протагонистите се слободни, отворени и нивната опуштеност може да се забележи“ објаснила О'Брајан за „News“.

Таа истакнува дека од организаторите секојпат бара од 10 до 15 минути за проба со актерите на експлицитните сцени.

„Актерите по работата со мене на сцените им пристапуваат со многу поголема самодоверба затоа што знаат дека колегите нема да ги допираат таму каде што не сакаат. Во исто време знаат што за колегите би било неприфатливо“ - објаснува О'Брајан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг