„Точно е, така навистина се однесуваат“: Соседите на Ана и Бастијан откриваат какви се тие кога камерите ќе се изгаснат

Точка

19/01/2020

00:52

11.438

Големина на фонт

а а а

Еден од најпопуларните спортски парови моментално престојува во Белград, а новинарите го посетиле тој дел од градот во кој тие живеат за од луѓето да дознаат какви луѓе се тие кога камерите ќе се изгаснат.

И покрај тоа што и двајцата имаат статус на спортски ѕвезди и се многу популарни ширум светот, според зборовите на нивните соседи тие секојдневно се сретнуваат со нив, а Ана и Швајнштајгер се однесуваат нетипично за познати личности.

Парот исто така секојдневно го посетувале салонот за убавина во кој фризерот Влада раскажал за нивното однесување.

„Секогаш влегуваат со широка насмевка, љубезни се и културни. Немаат никакви специјални барања туку се препуштаат во наши раце и ни веруваат - совршени клиенти се. Тие долго време живеат тука така што сите се познаваме, а се однесуваат како да не се познати лочности. Кога на Ана ѝ правам фризура секогаш гледам за каква намена ѝ е истата. Целото нивно семејство доаѓа кај нас и навистина имам само пофални зборови, не се знае кој е пољубезен од нив“ - изјавил фризерот Влада.


Дека тие секогаш и секаде одат фамилијарно потврдил и менаџерот на ресторанот кој се наоѓа веднаш до зградата во која Ана и нејзиниот сопруг живеат во Белград.

„Ги познавам, доаѓаат кај нас кога се тука. Фини се, пријатни гости и често се тука. Тие често се тука па поради тоа навикнавме да гледаме на нив како и на сите останати луѓе. Уживаат, а ние се трудиме атмосферата да биде пријатна. Сакаат да доаѓаат на појадок, а често и на ручек. Не постои јадење кое би го издвоил, а кое нив им е омилено туку се надевам дека доаѓаат кај нас поради севкупниот впечаток. Забележав дека доколку некој од останатите гости сака да се фотографира со нив ниту Ана ниту Бастијан немаат никаков проблем. Не го прашуваме Бастијан ништо за фудбал затоа што се трудиме да бидеме професионални, тоа е единствената причина“ - вели менаџерот на ресторанот.


Еве што велат за нив соседите:

„Речиси секогаш и секаде одат заедно или пак веднаш по засебните обврски се сретнуваат. Ги видов како шетаат по Нов Белград, а Бастијан откако е тука сака да трча покрај реката. Излегува по тренирки, става капа на главата и оди на трчање. За тоа време, Ана е во ресторанот или пак му се придружува во трчањето. Еднаш ги видов како заедно тренираат тука. Сепак, нивниот помлад син сè уште не сум го видела, не сум сигурна ни дали го носат тука. Постариот, Лука сум го гледала кога шетаат, сите тројца се многу насмеани. Еднаш сакав да прашам дали ќе може да се фотографираме, но не знаев како ќе реагираат. Целото семејство Ивановиќ е љубезно, а тука живее и братот на Ана, Милош со своето семејство“ - раскажала нивната соседка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг